Баерн Минхен е врвна класа, па и кога губи дома со 0-2, знае дека може не само да направи пресврт, туку и да победи убедливо. Тоа се случи на мечот со Фрајбург, гостите поведоа со 0-2, но до крајот на полувремето Баерн израмни, а на крајот славеше со 6-2.
Гостинскиот тим успеа да се држи во рамнотежа во првото полувреме, но потоа капитулираше пред актуелниот шампион и на крајот доживеа убедлив пораз на „Алијанц Арена“ во Минхен. Мајкл Олисе беше двоен стрелец, а Ленарт Карл, Хари Кејн, Дајот Упамекано и Николас Џексон по еднаш ја тресеа мрежата на противникот.
Возбудливо дерби понудија Борусија Дортмунд и Штутгарт, кое заврши со конечни 3-3. Домаќините имаа предност од 2-0 по првиот дел, но гостите покажаа голема упорност и успеаја да извлечат бодови. Апсолутен херој за Штутгарт беше Денгиз Ундав со хет-трик, додека за Дортмунд погодоците ги постигнаа Џан, Бајер и Карим Адејеми.
Баер Леверкузен без поголеми проблеми славеше кај Волфсбург со 1-3, Борусија Менхенгладбах убедливо го совлада Хајденхајм со 0-3, додека Аугсбург оствари тесна победа од 1-0 против Хамбургер.

