Баерн и Ливерпул кренаа раце од Чаби Алонсо, Шпанецот останува во Баер и следната сезона?!

Поранешните европски шампиони Ливерпул и Баерн Минхен, кои се наоѓаат во интензивна потрага по тренер за следната сезона, се откажаа од идејата да го ангажираат Чаби Алонсо, кој прави чуда со Баер Леверкузен.

Челниците на Ливерпул го загубија трпението и одлучија да кренат раце од Чаби Алонсо и својот фокус го насочија кон Португалија и кин тренерот на Спортинг Лисабон, Рубем Аморим. Црвените се подготвени да ја платат откупната клаузула за Аморим, која изнесува 17 милиони фунти.

 

Според новинарот кој е експерт за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, челниците на Ливерпул ќе тргнат во „офанзива“ за да го обезбедат потписот со Аморим, кој го води Спортинг Лисабон од 2020 година и досега освои една титула во португалскиот шампионат, два Купа на Португалија и еден португалски Суперкуп, а сезонава се наоѓа на добар пат да освои уште една шампионска титула.

Во Баерн Минхен исто така се свесни дека шансите Чаби Алонсо да пристигне на „Алијанц арената“ се речиси минимални, а поранешниот прв оперативец на германскиот гигант, Ули Хенес, смета дека Шпанецот ќе остане во Баер Леверкузен.

„Вистина е дека сакаме да потпишеме договор со Чаби Алонсо, но мислам дека тоа е многу тешко, да не кажам невозможно. Можам да замислам дека Алонсо ќе остане во Баер за да ја продолжи својата работа. Тој е тренер на клуб кој е многу блиску до освојување на титулата во Бундеслигата“, вели Хенес.

- Оглас -

Најнови вести