Еден од најпознатите актери во минатото бил спортист и ја претставувал Англија на Игрите на Комонвелтот (Видео)

На социјалните мрежи повторно се појави видео снимка од 1990 година во која во главната улога е една од најголемите акциски филмски ѕвезди на денешницата, Џејсон Стејтам.

Малкумина знаат дека Стејтам во минатото бил спортист, а за тоа колку бил добар најдобро покажува податокот дека тој настапувал за репрезентацијата на Англија.
Имено, Стејтам во 1990 година бил дел од репрезентацијата на Англија на Игрите на Комонвелтот и тоа во дисциплината скокови во вода.

Откако ја заврши спортската кариера, Стејтам заплива во филмските води, а се прослави во 2002 година со акцискиот хит Транспортер и сега е еден од најпознатите и најплатените акциски филмски актери.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести