Баерн Минхен продолжува со подготовките за саботниот натпревар од Бундеслигата против Хофенхајм без својот главен напаѓач Хари Кејн.
Капитенот на англиската репрезентација го пропушти и денешниот тренинг поради здравствени проблеми. Медиумите во Германија шпекулираат дека тој би можело да го пропушти следниот меч во шампионатот.
За разлика од него, дефанзивецот Конрад Лајмер се врати во тимот и им се приклучи на соиграчите по повредата која ја доби во победата над Келн со 3-1 на 14 јануари.
Баварците ќе се обидат да се вратат на победнички пат по два натпревари без триумф во Бундеслигата, вклучувајќи го и првиот сезонски пораз од Аугсбург на „Алијанц арената“.
Во моментов Баерн е лидер на табелата со шест поени предност пред второпласираната Борусија Дортмунд, додека Хофенхајм ја зазема третата позиција со три бода помалку од Милионерите.

