1807 Бохум – Баерн Минхен (15.30 часот)
Баерн Минхен е огромен фаворит против Бохум, кој се наоѓа на последното место во Бундеслигата со само еден освоен бод. Тимот на Винсан Компани ќе сака брзо да го заборави поразот од Барселона во Лигата на шампионите, а се очекува триумф изразен со неколку голови во мрежата на домаќинот.
Предлог тип: 2 & 4-6 (2.24)
1009 Челзи – Њукасл (15.00 часот)
Њукасл е во криза, нема победа на последните четири натпревари во Премиер лигата и тоа Челзи ќе сака да го искористи. Иако тимот на Енцо Мареска играше во четвртокот во Атина, сепак, се наоѓа во налет, затоа што успеа да го добие тој дуел. Од друга страна, Челзи ќе сака победа и по поразот од Ливерпул во минатото коло од Премиер лигата.
Предлог тип: 1 (1.75)
1101 Арсенал – Ливерпул (17.30 часот)
Голема пресметка на „Емирати“ на која се очекува тактичка борба, но и отворен фудбал. Ливерпул не знае да игра поинаку, а и Арсенал ќе мора да ја прифати жестоката битка. Се очекуваат голови, а ние типуваме дека ќе има најмалку три, но и дека двете екипи ќе постигнат погодоци.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.21)
3009 Интер – Јувентус (18.00 часот)
Јувентус оваа сезона има примено само еден гол на осум натпревари во Серија А, но нападот на Интер е супер квалитетен и сигурно дека шампионот ќе тргне по победа на големото дерби. Нашиот предлог е дека Нераѕурите ќе слават.
Предлог: 1 (1.83)
1709 Марсеј – ПСЖ (20.45 часот)
Ова е големото дерби на францускиот фудбал, а Олимпик Марсеј се надева дека оваа сезона ќе може да му парира на ПСЖ во трката за титулата. Ќе има многу тензија, но се очекуваат и голови. Со оглед дека конечниот тип на ова дерби е неизвесен, нашиот предлог е дека ќе има најмалку еден, а најмногу три гола во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.80)