Баерн ќе покаже доминација, без реми на дербито на „Олд Трафорд“

Пет натпревари од најквалитетните европски лиги се дел од понудата со Квотите на денот на Sport Life в недела. Вкупната квота на петте предлози е 39.68, а поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.20.

Првиот предлог е дербито што ќе се игра на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. Доколку има победник и двете екипи постигнат барем по еден гол, квотата на денот е 2.20.

Баерн Минхен е фаворит на дуелот со Фрајбург, доколку победи со предност и по првото полувреме, и на мечот бидат постигнати од два до шест гола, квотата е 2.05.

Севиља и Жирона се среќаваат во Ла Лига, а ако има гол-гол во првото или во второто полувреме, квотата е 2.00.

Пари Сен Жермен му гостува на Лил и доколку не губи во првиот дел, а на крајот победи, исто така квотата на денот е 2.00.

Во Италија се игра дуелот меѓу Јувентус и Рома, а квотата на денот е 2.20 доколку бидат постигнати од еден до три гола, во првото и во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести