Баерн Минхен ќе троши, но нема да се расфрла

Не само Арјен Робен, туку и Франк Рибери ќе си замине од Баерн Минхен по завршувањето на оваа сезона и тоа ќе значи крај на тандемот „Робери“.

Пред почетокот на сезонава, Холанѓанецот и Французинот добија едногодишни договори, но стручниот штаб не мисли да смета на нив и во иднина, па нема да им се понудат нови договори. Рибери е фудбалер со најдолг престој во клубот, во Баерн дојде во 2007 година од Олимпик Марсеј.

„Најверојатно Рибери и Робен ја играат последната сезона во Баерн”, призна претседателот Ули Хенес.

Надежите се дека празнината која ќе остане по заминувањето на крилата, ќе ја пополнат Кингсли Коман и Серж Гнабри, од кои Хенес е задоволен.

„За фудбалер важно е да шутира добро и да биде брз. Ако не си брз, ќе ти биде тешко во Бундеслигата. На први јули составот ќе претрпи измени на неколку позиции. Клупската каса е полна, ќе имаме офанзивна трансфер-политика, но не треба да се очекуваат трансфери од типот на тој на Кристијано во Јувентус. Тој има 33 години и добива 100 милиони годишно”, додава Хенес.

- Оглас -

Најнови вести