Баерн Минхен без првиот напаѓач на мегдан против Манчестер сити

Четвртфиналните возбудувања во Лигата на шампионите ќе започнат утре, а дербито ќе се игра во Манчестер, каде што Сити ќе го нагости Баерн Минхен. Ова е дуел на англискиот и германскиот првак, а гостите за оваа средба ќе бидат ослабени со неиграње на првата опција во нападот, а тоа е Ерик Шупо-Мотинг. Камерунскиот репрезентативец, кој има одлична сезона, се жали на повреда на коленото и едноставно не е подоготвен за настап против Граѓаните.

Шупо-Мотинг сезонава постигна десет гола во Бундеслигата и три во Лигата на шампионите, а секако најзначаен беше тој против Пари Сен Жермен за 1:0 во победата од 2:0 во реваншот против францускиот првак.

Освен дербито во Манчестер, утре ќе играат и Бенфика и Интер, додека за в среда се закажани дуелите: Милан – Наполи и Реал Мадрид – Челзи.

- Оглас -

Најнови вести