Распад на системот во Тотенхем, и Тудор беспомошен, навивачите си заминуваа уште на полувреме

Тотенхем го претрпе и петтиот пораз по ред во Премиер лигата, трети под водство на менаџерот Игор Тудор, и сега ситуацијата во клубот е критична, а постарите ги потсетува на сезоната во која последен пат испаднаа од елитното англиско друштво.

По вечерашните 1-3 против Кристал палас, Тотенхем е 16-ти, само со еден бод повеќе од 18-тиот Вест хем. Речиси е сигурно дека ќе испаднат Вулверхемптон и Барнли, но ќе има голема битка за избегнување на судбината да се биде третиот тим што ќе се пресели во Чемпионшип.

Атмосферата е многу лоша, публиката не верува во тимот, дел од публиката уште на полувреме почна да си оди, а на крајот трибините беа речиси празни, додека фановите на Палас пееја песни со кои се шегуваа со противникот.

- Оглас -

Најнови вести