Баерн Минхен е шампион во најлудото првенство во последните 10 години во Топ 5 лигите!

Екипата на Баерн Минхен по 11 пат во низа е првак на Германија. На неверојатен начин, баварскиот гигант го одбрани тронот. Во последното коло, Баерн победи на гости кај Келн со 2:1, а нивниот ривал за трофејот, Борусија Дортмунд, на свој терен ремизираше против Мајнц со 2:2, па на крајот, Баерн е прв со 71 бодови, пред Борусија која исто така има 71 бодови, но е втора поради послабата гол разлика.

Борусија Дортмунд го имаше адутот во свој посед пред почетокот на последното коло. Милионерите требаше дома да слават над Мајнц и да бидат прваци. Сепак, уште од почетокот на дуелот, Мајнц покажа дека е подготвен за сензација.

Гостите поведоа во 15 минута, а потоа Алер промаши пенал и пропушти да израмни на 1:1. Потоа следуваше нов шок за Борусија затоа што Мајнц поведе и со 2:0 во 24 минута. До крајот на средбата, Борусија постигна гол за 1:2, а во 96 минута израмни на 2:2.

Во Келн, Баерн водеше со голот на Коман уште во осумата минута, а Келн израмни во 81 минута. Со реми на овој дуел, Борусија ќе беше првак, но Мусиала со погодокот на Мусиала во 89 минута стигна до победа од 2:1 што на крајот се покажа како доволен за титула на Баерн Минхен.

Од Бундеслигата испаднаа Херта и Шалке, а Штутгарт кој заврши на 16 место, ќе игра во бараж дуелот за спас и останување во елитата.

- Оглас -

Најнови вести