Баерн Минхен го претстави специјалниот дрес за 125-годишнината од формирањето (Фото)

Баерн Минхен официјално го претстави својот специјален дрес по повод 125-годишнината од основањето на клубот, изработен во соработка со спонзорот „Адидас“.

Дресот е во традиционална црвена боја, со златни детали, вклучувајќи ги логото, лентите и броевите. На него е прикажана графика со различните клупски амблеми низ годините, а сегашното лого е дополнето со баварски лаворов венец и бројот 125.


Претставувањето се одржа пред легендарното кафуле „Гизела“, местото каде што е потпишан документот за формирање на клубот. Настанот го проследија клупските легенди Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге, како и Франк Рибери, Арјен Робен и Филип Лам. Присутни беа и играчи од машкиот и женскиот тим, меѓу кои Мануел Нојер, Џамал Мусијала, Томас Милер, Џулија Гвин и Сара Задразил, како и млади таленти од академијата на Баерн.

Машкиот тим ќе го носи овој дрес на натпреварот против Бохум на 8 март, додека женската екипа ќе го облече во дуелот со Волфсбург на 14 март. Дресот предизвика огромен интерес меѓу навивачите, па веднаш по стартот на онлајн продажбата, веб-страницата на клубот привремено се блокира поради големиот број нарачки. Сепак, проблемот брзо беше решен, овозможувајќи им на фановите да го набават специјалниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести