1801 Вердер Бремен – Баерн Минхен (20:30 ч.)
Актуелниот првак Баерн Минхен ја отвора новата сезона во Бундеслигата, а за ривал го има можеби и најомилениот противник. Баварскиот гигант едноставно претставува кошмар за Вердер Бремен затоа што во последните 23 меѓусебни дуели, Баерн победил неверојатни 22 пати, а еднаш било нерешено.
Освен оваа доминација на Баерн, традицијата вели дека треба да има голови, и тоа на двете страни. На седум од последните 10 меча било ГГ3+
Предлог тип: 2-2&ГГ (2.70)
1303 Валенсија – Лас Палмас (21:30 ч.)
Валенсија, која едвај се спаси да не испадне минатата сезона, сега одлично започна и освои три бода на гости кај Севиља, а сега на домашен терен е фаворит против Лас Палмас.
Лас Палмас по пет години се враќа во елитното шпанско друштво, а во првото коло дома ремизира 1:1 против Мајорка. Ако нема изненадувања, Валенсија е фаворит за победа.
Предлог тип: 1 (1.83)
1701 Мец – Олимпик Марсеј (21 ч.)
Мец убедливо загуби во првото коло на француското првенство, додека Олимпик Марсеј пред три дена доживеа големо разочарување откако беше елиминиран од Лигата на шампионите.
Кога играат овие два тима, има една интересна традиција. Од последните пет меча, дури четири завршиле нерешено. Еднаш било без голови, а трипати резултатот бил 1:1. Олимпик Марсеј го доби последниот нивен дуел со 2:1, што значи дека ова е дуел на кој едноставно не треба да има многу погодоци.
Предлог тип: Х2&0-2 (2.60)
1536 Каза Пија – Спортинг (21:15 ч.)
Гостите се големи фаворити за победа. Каза Пија е екипа која во сите три претходни дуели со Спортинг на крајот губела, и тоа во мечеви со многу голови (4:3, 3:1, 2:1).
Спортинг не треба да остави ништо на случајноста и се очекува лесна победа на гостите, но, секако, со важна поддршка од најблиските.
Предлог тип: 2-2 (2.20)
1952 Анталијаспор – Коњаспор (20 ч.)
Кога играат овие два клуба, јасно е дека домаќините не губат. Во последните 14 меѓусебни дуели, дури 10 пати било нерешено, а на останатите четири средби победувал тимот кој е домаќин.
Анталија треба да го искористи домашниот терен и да покаже дека има сили за „жнеење“ поени пред своите навивачи. Секако, ако се гледа традицијата, но и составите на двата тима, не би требало да има многу голови.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.97)