Претставници на управата на Баерн Минхен денеска одлетаа за Лондон за да го убедат претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, да им го продаде Хари Кејн.
Но, Леви во обид да има целосна контрола врз преговорите и да го добие тоа што го сака, го откажа денешниот состанок со претставниците на Баерн и ја презакажа средбата за идната недела.
Капитенот на Тотенхем и на англиската репрезентација одби да го продолжи договорот со Петлите и му порача на Леви дека летово сака да ја напушти екипата и да се пресели во Баерн Минхен.
Неговиот договор истекува идната година, а откако одби 400.000 фунти неделна плата за нов договор, сопственикот на Тотенхем, Џо Луис, му нареди на Леви да го продаде Кејн.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1684947960834961408?s=20
Најзагреан за одличниот напаѓач е Баерн Минхен, кој веќе достави две понуди до Тотенхем и двете беа одбиени, а денеска претставници на германскиот шампион допатуваа со трета и последна понуда.
По првите две понуди од 70 и 80 милиони евра, Баерн Минхен сега на Леви, кој се смета за најтежок преговарач во светот на фудбалот, ќе му понуди 90 милиони евра и тоа е последна понуда.
Леви бара најмалку 100 милиони евра за својот најдобар играч, но прашање е дали некоја екипа би платила толкава сума за 30-годишен фудбалер кому договорот му истекува идното лето.
Хари Кејн во дресот на Тотенхем одигра 435 натпревари и постигна рекордни 280 гола, а е рекордер и во англиската репрезентација со 58 постигнати голови на 84 натпревари.