32.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Баерн Минхен ќе му понуди нов договор на Мајкл Олисе

Баерн Минхен ќе му понуди нов договор на Мајкл Олисе, тврди „Билд“. 23-годишниот Французин минатата сезона стана клучен дел од тимот на Баварците и прикажа импресивни партии.

Баварците сакаат да ги наградат добрите игри на својот фудбалер и да му покажат колку е важен за проектот на клубот. Сегашниот договор на Олисе трае до летото 2029 година, но германскиот шампион ќе му понуди нов, со подобрени лични услови.

Интерес за Олисе покажуваат Ливерпул и Манчестер сити. Сепак, Французинот нема откупна клаузула во својот договор и затоа многу тешко би можел да биде привлечен од друг клуб.

Баерн Минхен го донесе Олисе минатото лето од Кристал Палас. Тој досега има одиграно 59 натпревари за Баварците, постигна 24 гола и запиша 23 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести