Баерн Минхен нема милост во Бундеслигата, Компани руши рекорди

Баерн Минхен продолжува со убедливите игри во германското првенство, откако со 5:0 го победи Бохум и тоа на гостински терен во меч од осмото коло во Бундеслигата. По овој триумф, Баерн се врати на лидерското место со 20 бодови, колку што има и Лајпциг, кој е со послаба гол-разлика.

По оваа победа над Бохум, тренерот на Баерн Минхен Винсент Компани постави нов рекорд во германското првенство. Баварскиот гигант постигна дури 29 погодоци што е нов рекорд во Бундеслигата за еден тренер кој дебитира во ова првенство.

Олисе во 16 минута ја отвори серијата погодоци, а потоа Мусијала зголеми на 2:0 во 26 минута што беше и резултат по првото полувреме. Хари Кејн погоди за 3:0 во 57 минута, а до крајот на средбата погодуваа и Сане и и Коман.

- Оглас -

Најнови вести