Баерн Минхен носи нов играч и тоа надвор од преодниот рок

Германскиот првак Баерн Минхен е во потрага по стопер. Баварскиот гигант се најде во проблем откако се повреди Дајот Упамекано, па сега е потребна брза замена.

Шпекулациите беа дека искусниот Џером Боатенг повторно ќе го облече дресот на Баерн, но навивачите направија притисок да не се врати нивниот некогашен играч на „Алијанц Арена“.

Сега прва опција е Сократис Папастатопулос. Искусниот грчки дефанзивец има 35 години и е без клуб, што значи дека Баерн може веднаш да го потпише и да смета на неговите услуги.

Сократис е многу искусен фудбалер кој има 90 настапи за националниот тим на Грција, а во кариерата играл за АЕК, Ники Волас, Џенова, Милан, Вердер, Борусија Дортмунд и Арсенал. Во Баерн би дошол бесплато затоа што е фудбалер без ангажман.

- Оглас -

Најнови вести