Манчестер сити е клуб кој секогаш сака да ги има најдобрите играчи во своите редови. Еден од оние кои се на листата на желби кај англискиот првак е и доведувањето на Џамал Мусијала од Баерн Минхен.
Мусијала има само 21 година, а веќе ја игра шестата сезона во дресот на Баерн Минхен. Мусијала за германскиот гигант има одиграно неверојатни 166 натпревари, а досега постигна и 44 погодоци.
Од Баерн Минхен велат дека воопшто не размислуваат да го продадат Мусијала на ниту еден друг клуб. Баварскиот гигант верува дека овој талентиран фудбалер ќе му биде верен на Баерн Минхен уште многу години, како тоа што го прави Томас Милер. Милер од 2008 година е во Баерн Минхен и уште му е верен на овој клуб.
„Ќе се обидеме да ги одбиеме сите понуди што ги добиваме за Мусијала. Нашиот план е тој да биде новиот Томас Милер во Баерн Минхен. Сакаме Мусијала да остане во Баерн во наредните 20 години“, велат од таборот на најтрофејниот германски клуб.
Мусијала е роден во Штутгарт. Неговиот татко е од Нигерија, а мајка му е Германка со полски корени. Како мал заминал во Англија да биде дел од Академијата на Челзи. Има настапувано во младинските категории на Англија, но потоа се враќа во Германија и решава да игра за Панцерите на национално ниво.