5.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Баерн Минхен со „петарда“ стави крај на мини-постот

Баерн Минхен убедливо со 5:1 го победи Хофенхајм во меч од 21. коло на германскта Бундеслига. Германскиот гигант со овој триумф ја прекина лошата мини серија од две средби без победа и се зацврсти на врвот на табелата со 54 бодови, шест повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд. Хофенхајм стави крај на низата од пет победи и остана на третото место со 42 бодови, односно 12 помалку од денешниот ривал.

По само 17 минути игра Акпогума доби директен црвен картон и гостите останаа со играч помалку, а Баерн доби пенал кој го реализираше Хари Кејн.

Интересно е дека Хофенхајм и со играч помалку израмни преку Крамариќ во 35 минута. Сепак, до крајот на првото полувреме следуваа уште два гола во мрежата на гостите. Во 45 минута беше досуден втор пенал за Баерн, а повторно погоди Кејн. Веднаш потоа Кејн асистираше а Луис Дијаз зголеми на 3:1.

Во второто полувреме само формално Баерн ја потврди доминацијата а Дијаз постигна уште два погодоци и комплетираше хет-трик.

- Оглас -

Најнови вести