Баерн Минхен со проверена тактика, „украде“ играч на Борусија Дортмунд

Португалскиот фудбалер Рафаел Гереиро во новата сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен. Договорот на Гереиро со Борусија Дортмунд истече на крајот од сезоната во која Милионерите на неверојатен начин останаа без титулата.

Како слободен играч, Гереиро сам можеше да одбере во кој клуб ќе продолжи и се реши да премине во редовите на шампионот Баерн Минхен. Тој е второто засилување на баварците во новата сезона, откако претходно на „Алијанц Арена“ беше договорен Конрад Лајмер од Лајпциг. Интересно е дека двајцата нови играчи доаѓаат бесплатно.

„До сега немаме потрошено ништо, а успеавме да реализираме два трансфери. Тие трансфери ништо не чинат затоа што фудбалерите доаѓаат како слободни играчи“, вели претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер.

Гереиро во Борусија Дортмунд помина седум години, а во Германија пристигна веднаш по освојувањето на европската титула со Португалија во 2016 година. Претходно настапуваше за Лориен во Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести