Конечно пристигна во Баерн Минхен, и тоа како слободен играч

Играчот за врска Конрад Лајмер е нов играч на Баерн Минхен и тоа доаѓа како слободен играч. Изминативе шест сезони Лајмер го носеше дресот на Лајпциг, а откако реши да не ја продолжи соработката со овој клуб, Баерн Минхен веднаш реагираше и уште во јануарскиот преоден рок го договори да биде нов играч на баварскиот гигант.

Лајмер е прво засилување на Баерн Минхен за следната сезона и треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред. На „Трансфермаркт“ вредноста на Лајмер се проценува на 28 милиони евра, но Баерн успеа да го доведе бесплатно затоа што истече неговиот договор со Лајпциг.

Новиот фудбалер на Баерн има и 26 настапи за австриската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести