Германскиот гигант Баерн Минхен започнал преговори со агентите на Ибрахима Конате, стоперот на Ливерпул, за евентуален трансфер на крајот од сезоната.
Францускиот дефанзивец подолг период е на радарот на германскиот гигант, кој планира промени во тимот во летниот трансфер-период.
Договорот на Конате со Ливерпул истекува следното лето, што го прави потенцијално многу атрактивно засилување за многу клубови, вклучително и за Баерн Минхен. Доколку трансферот се реализира, Баерн би можело да профитира бидејќи би добил квалитетен играч без да плати отштета.
Еден од клучните фактори што го прави Конате интересен за Баерн е неговото искуство во Бундеслигата. Иако моментно игра за Ливерпул, тој претходно настапуваше за Лајпциг, каде што стекна значајно искуство во германското првенство.
За Конате има интерес и од Реал Мадрид, ПСЖ и Барселона, а тој би можело да потпише преддоговор со странски клуб веќе во јануари.

