Баерн Минхен на својата официјалана страна на социјалните медиуми упатија честитки за Лионел Меси, кој ја освои седмата Златна топка во кариерата. Сепак, во Баерн беа разочарани затоа што нивниот најдобар играч Роберт Левандовски, на крајот остана само втор во ова рангирање.
„За нас сè уште си најдобар! Му честитаме на Лионел Меси за освојувањето на Златната топка“, стои во објавата на Баерн Минхен, на која стои фотографијата од Левандовски.
Голгетерот на Баерн Минхен беше прогласен за најдобар напаѓач во 2021 година, а тоа и не е чудно ако се знае дека во изминативе 11 месеци постигна дури 64 погодоци.
Für uns bist du trotzdem der Beste, @lewy_official! 💪Glückwunsch an Lionel #Messi zum #BallonDor. 👏#MiaSanMia pic.twitter.com/O5gxrVkuey
— FC Bayern München (@FCBayern) November 29, 2021