Баерн му даде ултиматум на Левандовски а три великани се во исчекување на голгетерот

Договорот на Роберт Левандовски со Баерн Минхен истекува наредната година, но Баварците се решени да го задржат во своите редови.

Сепак, Пољакот во неколку наврати потенцираше дека пред крајот на кариерата сака да си ја проба среќата и во другите силни лиги во Европа. Тоа не му се допадна на германскиот великан и му понуди нов договор, за кој му даде ултиматум на Левандовски да го прифати до следното лето, или пак во спротивно ќе биде продаден.

Баерн нема проблеми да ги продава своите врвни играчи бидејќи во секое време има пронајдена соодведна замена за нив, па така е и случајот со Левандовски кој игра фантастично во последните години.

Разврската од ова случување ја очекуваат Реал Мадрид, Манчестер сити и ПСЖ, кои се подготвени да ги исполнат барањата на Роберт, кој во дресот на Баерн Минхен има неверојатни 226 погодоци на 238 одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести