Баерн му верува на Флик

Ханси Флик ќе продолжи да го води тимот на Баерн Минхен барем до зимската пауза, истакна Карл Хајнц Румениге на годишниот состанок на одборот на директори.

Флик ја презеде одговорноста откако Баварците го отпуштија Нико Ковач, па под негова палка германскиот првак ги доби дуелот против Олимпијакос и дербито против Борусија Дортмунд.

„Минатата сабота, јас со Хенес и Салихамиџиќ јавно истакнавме дека Флик е нашиот тренер до конечна одлука. И бидејќи не сакаме да одговараме на истите прашања секоја недела, Ханси ќе остане на клупата најмалку до зимската пауза, а можеби и подолго“, истакна Румениге.

- Оглас -

Најнови вести