Главна вест денеска во германските медиуми е дека челниците на Баерн Минхен започнале преговори со Чаби Алонсо да ја предводи екипата од следната сезона, а неколку часа подоцна се појавија и имињата на првите потенцијални засилувања во летниот преоден рок.
Уште од синоќа се знае дека Баерн тргнал по левиот бек на Милан, Тео Ернандес, за кого е подготвен да плати 80 милиони евра отштета, а денеска уште еден дефанзивец се најде на листата на желби.
https://twitter.com/Plettigoal/status/1764955996625961316
Новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг, кој ретко греши кога станува збот за трансферите во Бундеслигата, денеска објави дека бекот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, е второто име на листата на засилувања.
Според Плетенберг, откупната клаузула за холандскиот репрезентативец изнесува меѓу 40 и 45 милиони евра и челниците на Баерн се подготвени да ја платат оваа сума.