6002 Баерн Минхен – Интер (21 часот)
Баерн Минхен е ослабен со неиграњето на Мусијала, околу кого се вртат многу работи во креативниот дел, но и без него ќе мора да покаже сила на домашен терен. Во ЛШ нема место за импровизации, а нашиот тип е дека Баерн нема да загуби и дека на натпреварот на „Алијанц арената“ ќе бидат постигнати од еден до три гола.
Предлог тип: 1X & 1-3 (2.04)
6005 Арсенал – Реал Мадрид (21 часот)
Арсенал и Реал се офанзивни тимови, па затоа на овој дуел типуваме на голови. Нашиот предлог е дека ќе има од еден до три гола во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.02)
1013 Дерби – Барнли (20.45 часот)
Барнли е на врвот во Чемпионшип и секој меч е многу важен за нив за директен пласман во Премиер лигата. Не смеат да загубат на гости кај Дерби, а предлогот е да има и два до пет гола на овој меч.
Предлог тип: X2 & 2-5 (1.94)
1015 Шефилд јунајтед – Милвол (20.45 часот)
Шефилд јунајтед загуби во минатото коло, но мора веднаш да се врати на победнички патеки, ако сака да издржи во трката за влез во Премиер лигата. Овој тим е втор најдобар на домашен терен оваа сезона во Чемпионшип, па ние типуваме на триумф со два постигнати гола за домаќинот.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.30)
1019 Мидлсборо – Лидс јунајтед (21 часот)
Лидс јунајтед има три ремија во низа и посакува триумф за да ги одржи шансите за директен пласман во Премиер лигата. Очекувањата се дека нема да загуби, а ние предлагаме и дека на мечот ќе бидат постигнати од два до четири гола.
Предлог тип: X2 & 2-4 (1.81)