Баерн одигра историски меч, а неговите навивачи дивееја и го прекинуваа мечот против Хофенхајм

Баерн Минхен одигра одличен меч на гостувањето кај Хофенхајм и победи со убедливи 6:0 во меч на кој свое шоу имаа и навивачите на трибините. Германскиот првак немаше милост против домаќините и уште во првите 15 минути постигнаа три гола, најавувајќи дека ова ќе биде висока победа на фаворитот.

Со трите гола, Баерн стана првиот тим во историјата на Бундес лигата кој има постигнато минимум по три гола на пет гостувања по ред. До крајот на првото полувреме погоди и Кутињо, кој доби шанса да биде стартер откако се повреди Роберт Левандовски.

Баерн покажа дека и без првиот стрелец Левандовски знае да биде незадржлив во нападот, а во второто полувреме Кутињо погоди уште еднаш, а последниот гол беше дело на Горетцка.

Откако беше јасно дека германскиот гигант ќе стигне до убедлива победа, на сцена стапија неговите навивачи. Гостинските фанови почнаа со недолично скандирање на трибините, а потоа истакаа и транспарентни со недолична содржина. Судијата го прекина мечот, а по 10-тина минути пауза, средбата продолжи и до крајот немаше промена на резултатот.

Три бода во ова коло освоија и Борусија Дортмунд која минимално со 1:0 го победи Фрајбург, а Борусиај Менхенгладбах на гости со 3:2 славеше против Аугзбург. Мајнц немаше проблем на свој терен и со 2:0 го победи Падерборн.

 

- Оглас -

Најнови вести