Тотална доминација покажа Баерн Минхен во дербито на вечерта против Атлетико по триумфот со убедливи 4-0 на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. Европскиот првак во голем стил најави одбрана на тронот и комплетно ја оневозможи цврстината која ги окарактеризира Јорганџиите на Диего Симеоне.
Се чекаше речиси половина час пред да се случи првиот гол, а отвори Коман во 29-тата минута. Домаќините потоа ја искористија и втората посериозна шанса, во 41-вата минута стрелаше Горецка за 2-0, што беше доволно да се претпостави дека победата ќе припадне на тимот на Ханси Флик.
Атлетико даде еден гол преку Феликс, меѓутоа ВАР го поништи поради офсајд-позиција претходно во акцијата. Падот на концентрацијата ги чинеше гостите од Мадрид уште два гола во вториот дел. Страшен гол од далечина заби Толисо во 66-тата минута, а само неколку моменти подоцна, Коман се запиша како двоен стрелец поставувајќи го конечниот резултат.
Со идентични 4-0 славеше Аталанта на гостувањето кај Митјиланд, додека и Манчестер сити беше сигурен со 3-1 против Порто, иако Граѓаните во првиот дел бркаа негатива во краток период.
Борусија Менхенгладбах беше блиску да направи големо изненадување во вториот ден од првото коло, но ремизираше со 2-2 на гости кај фаворизираниот Интер. Нераѕурите поведоа преку Лукаку, а потоа гостите добија шанса за израмнување преку пенал во 63-тата минута, а казни Бенсебајни.
https://twitter.com/noobfcb/status/1319018114139459586
Во финишот од средбата на „Џузепе Меаца“, Хофнам го шокираше составот на Антонио Конте, кој пак се спаси од пораз со помош на расположениот Лукаку и неговиот втор погодок на мечот.
https://twitter.com/noobfcb/status/1319016700109594625
Ливерпул триумфираше минимално со 1-0 на гостувањето кај Ајакс, Олимпијакос со идентични 1-0 славеше против Олимпик Марсеј.