Баерн по „Робери“ ќе го добие „Перињо“

Тандемот „Робери“ како комбинација од презимињата на Робен и Рибери е минато во Баерн Минхен. Двете легенди на крилните позиции си заминаа од клубот, а како што стојат работите, нема да биде изненадување ако до крајот на преодниот рок Баварците формираат тандем „Перињо“.

Иван Перишиќ веќе со една нога е во Баерн, откако утрово ги мина и медицинските прегледи во Минхен. Досегашниот играч на Интер би требало наскоро да биде и официјално промовиран во германскиот првак, но клубот не се задоволува само со толку. Откако ќе ги заврши работите околу ангажманот на Хрватот, Баерн ќе се фокусира на доведување на Бразилецот Кутињо од Барселона.

Јасно е дека Кутињо е вишок во Барса и Каталонците сакаат да го искористат во обидот да го донесат Нејмар. Ако таа варијанта пропадне и Кутињо не замине во ПСЖ, речиси сигурно е дека кариерата ќе ја продолжи во Баерн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести