Баерн презеде ризик, се брка ли тренер кој сезонава ги доби сите мечеви во ЛШ?

Одлуката на Баерн Минхен за смена на тренерот Јулијан Нагелсман одекна како бомба, бидејќи беше како гром од ведро небо, и со ништо не се најавуваше такво нешто.

Тренери се менуваат кога тимот има серија неуспеси, а многумина би сакале да бидат на местото на Баерн. Баварците ги добија сите мечеви сезонава во ЛШ, додека во Бундеслигата на 1 април играат дома со Борусија Дортмунд и ако победат, ќе бидат први и во домашното првенство.

Оливер Кан рече дека клубот почнал да се сомнева во „проектот Нагелсман“ и затоа сакале „навреме“ да направат промена. Има шпекулации дека главната причина е врската на Нагелсман со новинарка на „Билд“, весник кој често објавува ексклузиви поврзани со Баерн.

Според клаузула во договорот, Нагелсман и понатаму ќе зема пари од Баерн и тоа дури по 700.000 евра месечно, додека не најде клуб.

- Оглас -

Најнови вести