Баерн Минхен се обидел да го потпише Ламин Јамал пред тој да се појави на сцената, откри фудбалскиот уредник на „Билд“, Кристијан Фалк, во својата нова книга „Трансфер-Инсајдер“.
Во февруари 2022 година, спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, и техничкиот директор Марко Непе, отпатувале во Мадрид за да се сретнат со тогашниот агент на Јамал, Иван Де ла Пења, но за да разговараат за евентуален трансфер во клубот од Минхен на Гави.
Изненадувачки, за време на разговорот, претставниците на Баерн го насочиле вниманието кон тогаш 14-годишниот Јамал, кој во тоа време веќе тренирал со првиот тим на Барселона. Според Фалк, баварските гиганти биле импресионирани од настапите на Ламин и побарале да се сретнат со семејството на играчот и да ги постави темелите за евентуален трансфер.
Неколку месеци подоцна, Де ла Пења го информирал Салихамиџиќ дека Јамал има нов агент, а тоа е Жорге Мендеш. Португалецот го информирал директорот на Баерн дека трансферот на младиот играч е можен за околу 5 милиони евра. Баерн сметал дека е ризичен потег да инвестира таква сума во играч кој не одиграл ниту една минута на професионално ниво.
Прашањето било одложено до летото 2023 година бидејќи Јамал немаше наполнето 16 години. Но, во април истата година, крилниот напаѓач го имаше своето деби за Барселона на 15-годишна возраст и стана јасно дека клубот нема шанса да го продаде.
Јамал се развиваше со вртоглава брзина во Барселона, толку многу што е еден од фаворитите за „Златната топка“ и сега откупната клаузула а него е 1 милијарда евра.