Сензација во Купот, охриѓани го елиминираа Вардар! (Видео)

Второлигашот Охрид Лихнидос приреди сензација во Купот на Македонија, во четвртфиналето го елиминира Вардар, кој беше бранител на трофејот.

Лидерот на второлигашката табела го совлада Вардар на пенали со 4-2 откако во регуларниот дел средбата финишира со 1-1. Вардарци поведоа со гол на Николов, но охриѓани изедначија преку Матески во 91-вата минута и се изборија за пенал-серија во која гостинскиот голман им ги одбрани шутевите на Бобан Николов и Данев.

Екипата на Охрид е вториот второлигаш по Шкендија Арачиново, кој ќе игра во полуфиналето, а ривал ќе им биде Силекс или Детонит.

 

- Оглас -

Најнови вести