Баерн – Реал е класика во европскиот фудбал, никој нема толку многу меѓусебни дуели како нив

Ако за некој меч може да се каже дека е вистинска класика на европскиот фудбал, тоа се дуелите на Баерн Минхен и Реал Мадрид. Овие два клуба кои заедно имаат 20 европски титули, имаат дури 26 меѓусебни дуели во европските купови, а вечерва ќе се сретнат по рекорден 27-ми пат.

Богатата историја на меѓусебни дуели на Баварците и Кралскиот клуб почна во сезоната 1975/76, а последен пат играа еден против друг во 2018 година.

Вкупниот биланс е 12 победи на Баерн (последната победа над Реал им е пред 12 години), 11 победи на Реал и само три нерешени игри, со гол-разлика 41-39 за германскиот гигант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести