Баерн Минхен на својата „Алијанц арена“ едвај го победи аутсајдерот Арминија Билефелд. Лерој Сане во 71 минута успеа да го скрши отпорот на противникот, постигнувајќи го голот, што не значеше само три бода за Баерн, туку и испишување на историја во Бундеслигата.
Погодокт на Сане беше вкупно 102-ри погодок за Баерн Минхен во Бундеслигата во 2021 година, Никогаш досега ниту еден тим во историјата на Бундеслигата, во една календарска година нема постигнато толку многу погодоци. Досегашниот рекорд го држеше Келн од далечната 1977 година, кога Јарците постигнаа 101 погодоци.
Со оваа победа, Баерн повторно се врати на чело на табелата во германското првенство. Актуелниот првак сега има 31 бодови, едено повеќе од Борусија Дортмунд која попладнево славеше на гости кај Волфсбург со 3:1.
102 – FC Bayern München have scored 102 goals in the German Bundesliga in 2021 – the most goals any team has managed to score in a single calendar year in the competition’s history. History. #FCBDSC pic.twitter.com/zaxY1lb8XS
— OptaFranz (@OptaFranz) November 27, 2021