Баерн се откажа од Сане, ѕвезда на Барселона е нова мета

Баерн Минхен дефинитивно се откажа од потписот на Лирој Сане. Германскиот првак не успеа да се договори со Манчестер сити, бидејќи Граѓаните бараа над 100 милиони евра за својот крилен офанзивец, додека Баварците немаа намера да дадат повеќе од 80 милиони евра.

Наместо Сане, Баерн ќе се фокусира на Усман Дембеле од Барселона. Тие веруваат дека можат да најдат заеднички јазик со Каталонците за разумна цена за Французинот, кој пак би можел да биде жртвуван за Барса да собере средства за да ги купи Гриезман и Нејмар.

Барса го купи Дембеле во летото 2017 година за 105 милиони фунти од Борусија Дортмунд, трансфер кој може да достигне до 145 милиони евра ако се исполнат одредени бонуси. По две минати сезони во Шпанија, Дембеле се наоѓа пред враќање во Бундеслигата.

Калум Хадсон-Одои истотака е на листата желби на тренерот Нико Ковач, Баварците уште во јануари се обидуваа да го купат од редовите на Челзи, но младиот фудбалер на Сините е пред потпис на нов договор со Сините со кој би добил поважна улога во тимот.

- Оглас -

Најнови вести