Лидерот на табелата во Бундеслигата, тимот на Баерн Минхен, одигра 1-1 на гости кај Унион Берлин во 26-то коло од германскиот шампионат.
Баварскиот тим поведе со голот на Лирој Сане во 75-та минута, а Унион Берлин израмни девет минути подоцна преку Бенедикт Холербах.
Мајнц и Фрајбург ремизираа 2-2, а Борусија Менхенгладбах славеше на гости со 2-4 против Вердер. Аугсбург со 1-0 го победи Волфсбург.