Баерн се спаси од сензационален пораз против Херта (Видео)

Роберт Левандовски го спаси од сензационален пораз Баерн Минхен, а најдорбиот стрелец од ланската сезона во Бундеслигата со два гола му донесе реми на германскиот првак против Херта.

На премиерниот меч од новата сезона во германското првенство, првиот гол го постигна Полјакот во 24. минута, но потоа Лукебакио и Грујиќ за само 120 секунди направија комплетен пресврт за предност на гостите од Берлин по првиот дел од 2:1.

Првиот гол за Херта беше и најубавиот момент на мечот во режија на новото засилување од Фортуна Диселдорф Доди Лукебакио. Голот за 1:1 погледнете го ОВДЕ.

Во 60. минута Левандовски израмни со прецизен удар од белата точка, откако ВАР системот потврди дека има пенал за домаќинот.

Ова беше првиот меч во новата сезона во Германија, а останатите дуели од првото коло се играат утре и задутре.

- Оглас -

Најнови вести