Баерн Минхен на свој терен загуби од Хофенхајм со 1:2, во меч од седмото коло на германската Бундеслига. Баерн беше голем фаворит, но Хофенхајм се покажа како тим кој знае како да победи во Минхен. По првото полувреме немаше погодоци, а потоа во 54 минута гостите стигнаа до предност.
Роберт Левандовски израмни во 73 минута, но само шест минути подоцна, Хофенхајм даде и втор гол за шокантен триумф во Минхен. Баерн пред само неколку дена беше убедлив и славеше со 7:2 на гости во Лондон против Тотенхем, а сега дома загуби од тим како што е Хофенхајм.
Борусија Дортмунд и Лајпциг не го искористија киксот на Баерн. Борусија на гости одигра само 2:2 кај Фрајбург. Милионерите на два пати имаа водство, но домаќините не се предаваа и успеаа да стигнат до бод. И Лајпциг имаше водство во дербито против Баер Леверкузен, но на крајот одигра 1:1.