Баерн Минхен стигна до убедлива победа (0-4) на гостувањето кај Хајденхајм и на најдобар начин ја заокружи 2025 година.
Станишиќ ја најави убавата вечер за Баерн во 15-тата минута, а Мајкл Олисе зголеми на 0-2 во 32-та минута.
Во финишот од натпреварот Баерн постигна уште два гола. Луис Дијас во 86-тата минута погоди за 0-3, а конечниот епилог го постави Хари Кејн.

