Баерн влегува во ритам, му даде пет гола и го спушти Фрајбург на земја (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен ја остварија само петтата победа во Бундеслигата во десет натпревари, а до неа дојдоа на убедлив начин против Фрајбург, кој во дуелот влезе како второпласиран на табелата.

Баерн славеше со убедливи 5:0 и му го презеде на Фрајбург второто место на табелата со 19 бода, четири помалку од лидерот Унион Берлин.

По слабиот старт на сезоната, прашање беше кога баварската машинерија ќе профункционира,  и таа проработе против Фрајбург.
Веќе во 13-тата минута Серж Гнабри го отвори резултатот, а 20 минути подоцна Чупо-Мотинг зголеми на 2:0.

Во второто полувреме, Баварците дадоа уште три гола, прво Сане во 53-тата минута зголеми на 3:0, а само три минути подоцна Мане постигна гол за 4:0. Конечниот резултат го постави Марсел Забицер во 80-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести