28.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Баерн замената за Коман ја бара во Челзи

Баерн Минхен веќе работи на планот за замена на Кингсли Коман, кој е на чекор до трансфер во саудискиот Ал-Наср. Меѓу опциите за засилување, според „Скај Германија“, се наоѓаат двајца напаѓачи на Челзи, Кристофер Нкунку и Николас Џексон.

Иако спортскиот директор Макс Еберл не планира да донесе класична замена за Коман, токму Нкунку и Џексон се на листата на потенцијални нови засилувања. Голема улога во евентуалниот трансфер на Нкунку во Минхен може да има неговиот агент Пини Захави, кој во минатото го претставуваше и Лерој Сане.

Баерн веќе го осигури потписот на Луис Дијас од Ливерпул, но сега бара уште еден играч кој ќе може да му даде поддршка на Хари Кејн во нападот.

Николас Џексон, кој е подготвен да го напушти Челзи, би можел да го заземе местото на Александер Исак во Њукасл, додека Нкунку, иако му бил понуден на поранешниот клуб Лајпциг, има јасна желба да настапува во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести