21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Бајиќ знае што недостасуваше за да се избегне поразот од Швајцарија

Македонската кошаркарска репрезентација тргна со пораз од Швајцарија во преткавификациите за Мундбаскетот 2023. Официјалното деби на селекторот Драган Бајиќ, не тргна според планот, но грешките во играта забележани на кои ќе треба да се поработи, за позитивен резултат во средбата против Словачка за два дена.

„Како што кажав и вчера, се чувствуваше нервоза во тимот поради што направивме некои грешки во играта. Влеговме во некој огромен грч,  останавме без енергија и без сила, а со самото тоа и без концентрација.Промашивме доста зицери, сигурно некои 8 или 9 лесни поени,  7 промашени слободни фрлања, што се покажа како пресудно кога во второтополувреме успеавме да ја намалиме разликата, но сепак правевме грешки. Не се снајдовме добро ниту со нивната одбрана. Оо овој пораз не значи дека е нешто загубено, треба да се анализира натпреварот, да се регенерираме и да се обидеме да ги победиме преостанатите натпревари“, изјави селекторот.

Сениорите ќе имаат ден повеќе за пронаоѓање победничка тактика, дуелот против Словачка е закажан за в сабота во истиот тремин од 19 часот.

- Оглас -

Најнови вести