Бајката продолжува: Брентфорд 83 години немаше победа над Челзи, и тогаш се појави Ериксен (Видео)

Манчестер сити без проблеми славеше на гостувањето кај Барнли со 2-0, и тимот на Пеп Гвардиола се врати на прво место на табелата, но славата попладнево им ја украде Кристијан Ериксен, и неговиот тим Брентфорд.

Данецот кој до неодамна не знаеше дали некогаш повторно ќе може да игра фудбал откако летоска ќе починеше среде терен од срцев удар, игра во фантастична форма, и даде гол за Брентфорд против Челзи, со што придонесе за прва победа на Пчелите над Сините од далечната 1939 година наваму. Брентфорд победи со 4-1 (сите голови паднаа во второ полувреме), а Ериксен погоди за 2-1.

За Ериксен ова е прв гол сезонава во Премиерлигата, но изминатава недела даде два гола за Данска и сега има низа од три меча по ред на кои е стрелец.

Челзи останува трети на табелата, но овој пораз е лош за нивната самодоверба пред пресметката со Реал Мадрид за неколку дена. Сините дома само двапати примиле повеќе од три гола од клуб кој е нов во елитното друштво, и двата меча се со Томас Тухел на клупата.

Ова е голот на Ериксен кој ги фрли во делириум фановите на Брентфорд:

https://twitter.com/i/status/1510274471764054021

- Оглас -

Најнови вести