Тему Бакајоко често е на позајмица, а Челзи го пресели најпрво во Милан, па потоа и во Монако, што доведе до чудна и урнебесна ситуација на мечот со Амиен во Лига 1 во Франција.
Бакајоко претходно беше играч на Милан, исто така како позајмен фудбалер од Челзи, а во Милано го носеше дресот со број 14 што доведе до забуна кај него.
Четвртиот судија на мечот меѓу Монако и Амиен покажа дека играчот со број 14 треба да излезе од игра, а Бакајоко тргна да го напушта теренот, иако во Монако го има дресот со број шест.
Откако резервата го предупреди дека тој треба да остане на терен, а Балде Кејта да излезе, Бакајоко реагираше со насмевка, објаснувајќи дека се уште се прилагодува на новиот дрес со број 6 во Монако.
https://twitter.com/AS_Monaco/status/1203741834490593280?s=20
Клубот од кнежевството победи со 3:0, а 25-годишниот играч на Челзи, на привремена работа во Монако го одигра целиот меч.