Баксуз на сезоната: Незадоволен навивач го искина билетот и не го гледаше историскиот кам-бек на својата екипа (Видео)

Шефилд Вензди синоќа го направи еден од најголемите прсврти во англискиот фудбал и го елиминира Питерборо во полуфиналето од плеј-офот за пласман во Чемпионшип дивизијата.

Сепак, еден “баксуз“ не го гледаше овој натпревар. Навивачот на Шефилд, Џош Џексон, незадоволен од поразот на неговата екипа од 4-0 на првиот натпревар се одлучи да го искине билетот за реваншот, на тој начин искажувајќи незадоволство од играта на неговата екипа. Тој дури и го снимил чинот на кинење на билетот.

После синоќешниот натпревар веројатно му е криво за овој потег, но колку за утеха можел да го гледа мечот на телевизија.

- Оглас -

Најнови вести