Кил повторно го декласира Вардар, вечерва во „Шпаркасе арената“ на домашен терен со 34:23, и го задржа врвот на табелата во групата Б во Лигата на шампионите.
Германците беа подобри и вечерва и по четврти пат по ред победија во меѓусебните натпревари со Вардар. Македонскиот и актуелен европски првак имаше сили за достоен отпор во две третини од мечот, стигна до негатива од 19:22 и потоа следуваше вистински потоп и нов пораз со двоцифрена разлика.
Кил го доби и првиот меч во овој циклус од Лигата на шампионите против Вардар во Скопје со 31:20. Германците најавија сигурна победа веќе по првото полувреме, кое го добија со 18:14, но гостите се заканија со 5:4 во првите десеттина минути.
Сè потоа беше во знакот на ракометарите на Кил, а Вардар падна во играта, па нов тежок пораз беше неминовен.