Балак: Ван Дајк има среќа што не игра против Дрогба, Ширер, Анри…

Михаел Балак дел од кариерата мина играјќи за Челзи во Премиер лигата каде што пред враќањето во Германија ја освои титулата и запиша повеќе од 100 настапи. Кариерата ја заврши во 2012 година, па сега има доста време да го анализира денешниот фудбал и сите ѕвезди кои се истакнуваат.

Германецот, сепак, не се пронаоѓа во фан-базата на Вирџил Ван Дајк, стоперот на Ливепрул. Балак смета дека Ван Дајк има среќа што не се соочува со голгетери како Тиери Анри, Алан Ширер, Дидие Дрогба, Вејн Руни, па затоа го сметаат за најдобар дефанзивец во англискиот шампионат.

„Ван Дајк има среќа што игра во ера во која ги нема напаѓачите Ширер, Дрогба, Анри, Руни, Тевез, Ван Перси и уште многу други врвни голгетери. Не ме ни чуди што го сметаат за најдобар дефанзивец во лигата“, истакна Балак.

 

- Оглас -

Најнови вести