Легендарниот германски фудбалер Михаел Балак ги живее најтешките моменти во својот живот бидејќи пред неполн месец почина неговиот син Емилио.
Изминативе недели Балак речиси и да не излегуваше од својот дом, а неговите социјални мрежи, потполно очекувано, останаа празни. Сепак, на роденденот на неговиот најстар син реши да напише објава на „Инстаграм“.
„Роден си точно пред 19 години во 17:36 часот. Твојата отсутност ме тера да те сакам уште повеќе“, стоеше на објавата на некогашниот германски фудбалер
Емилио почина откако беше на одмор во Португалија, каде што возејќи четрицикл, паднал од него, потоа возилото го прегазило. Иако итната помош стигнала за брзо време, сепак, тој почина на лице место.