Хрватска тенисерка пропатува 92.629 километри во 2025 година

Да се стигне до врвот на светскиот тенис, мора да се помине многу, многу пат. Тоа во 2025 година најдобро го почувствува хрватската тенисерка Антонија Ружиќ. Младата 22-годишна тенисерка во изминативе 12 месеци пропатува неверојатни 92.629 километри.

Најголем дел од овие патувања се со авионски летови, и тоа на места на кои Ружиќ играше турнири во годината која изминува. Во следните 10-тина дена, километражата сигурно ќе биде зголемена.

Ружиќ моментално е на 73-тото место на ВТА-сцената, а најдобар нејзин пласман е 69-тото место. Според податоците на ВТА, Ружиќ досега остварила 212 победи, а има 102 порази на турнирите.

Во тековната година има 47 победи и 25 порази и заработи 433.000 долари од тениските турнири. Вкупно во кариерата има инкасирано 667.000 евра.

Како изгледаше патувачката авантура на Ружиќ во 2025 година, може да се види во видеото кое таа самата го постираше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tonka (@antonia.ruzic)

- Оглас -

Најнови вести