Германија летово ќе биде домаќин на Европското првенство, но јавноста е загрижена поради лошата форма и лошите резултати кои ги има нивната фудбалска репрезентација. Сегашниот селектор, Јулијан Нагелсман, има договор заклучно со континенталниот шампионат и тешко дека ќе остане на оваа функција и понатаму, но евентуален добар пласман може да му донесе и нов договор.
Легендата на германскиот фудбал Михаел Балак знае кој е идеален за оваа функција, а тоа е Јирген Клоп.
„Нормален развој на неговата кариера е еден ден да биде селектор на репрезентацијата на Германија. Сакаме тоа да се случи еден ден бидејќи тој има квалитет и карактер кој ги симболизира сите германски ставови. Ни треба лидер како него. Кога и да биде подготвен за ваков предизвик, треба да ја преземе репрезентацијата, а тоа сигурно ќе им се допадне на навивачите“, рече Балак.
Сепак, тешко дека Клоп ќе биде селектор на Германија во блиска иднина бидејќи како што најави самиот, летово си оди од Ливерпул и сака само добро да се одмори.